CLICK & CONNECT

Сега, од удобноста на вашиот дом, можете да активирате фиксен интернет.

Освен во Телеком продавниците или со јавување во Контакт центарот на 122, отсега можете сами да активирате интернет пакет од вашиот дом.

Ако имате фиксна телефонија од Македонски Телеком, можете преку Click & Connect сами да активирате Интернет по потреба.

  • Потребното време за активирање на пакетот се скратува од неколку дена на помалку од 2 минути.
  • Услугата се активира тогаш кога вам ќе ви затреба.
  • Не мора да го напуштате својот дом за да склучите договор.
  • Не мора да инсталирате дополнителна опрема.

Click & Connect ви е достапен ако имате фиксна телефонија од Македонски Телеком, дури ако не сте претплатени на интернет.

КАКО ДА СЕ ПОВРЗЕТЕ НА CLICK & CONNECT?

За да се поврзете безжично преку Wi-Fi:
1. Со вашиот компјутер или смартфон, поврзете се на Wi-Fi мрежата
именувана со иницијалите на претплатникот на телефонската линија (на пример: за Трајан Петрески, Wi-Fi мрежата се вика ТP@TELEKOM).
2. Во вашиот компјутер или смартфон, внесете го WLAN клучот (WPA/WPA2) што го пишува на задната страна на рутерот кој е веќе инсталиран во вашиот дом.

3. Отворете го прелистувачот, почнете да сурфате и автоматски ќе се појави Click & Connect.

4. Кликнете на пакетот кој сакате да го активирате.

За да се поврзете со мрежен кабел:

1. Поврзете мрежен кабел од првата порта на рутерот до вашиот компјутер, без никакви дополнителни нагодувања.

2. Отворете го прелистувачот, почнете да сурфате и автоматски ќе се појави Click & Connect.

3. Кликнете на пакетот што сакате да го активирате.

Одберете еден од пакетите и активирајте го преку страницата Click & Connect

Интернет по потреба

Активирај интернет пакет според твоите потреби и добиј:

  • Инстант активација
  • Без инсталација на дополнителна опрема
  • Без договори и дополнителни обврски

повеќе

Десктоп верзија