Нашата стратегија

Никола Љушев,
Главен извршен директор на
Македонски Телеком

Дигиталната трансформација денес носи многу можности и алатки со кои забрзано се движиме напред, но отвора и многу предизвици. Нашата мрежа и новите технологии се основа на дигиталното општество и нашата цел е да не запреме додека не ги поврземе сите. Но, тоа е само почеток. Ние имаме многу поголема одговорност – да обликуваме подобра иднина за сите. Технологијата е нашата најголема експертиза, а со тоа и најсилната алатка со која се бориме против еколошките и социјалните предизвици.

Широката и целосна поврзаност е првиот чекор кон еднакво дигитално општество. Затоа постојано инвестираме и ја надградуваме инфраструктурата со најнови технологии дури и на најнедостапните места. Подеднакво сме посветени на развојот на оптичката и 5G инфраструктура, а годинава, добивме и официјална потврда за најдобрата мрежа преку престижното признание на американската компанија Ookla®.

Ги користиме новите технологии и за справувањето со климатските промени. Со нашите решенија за паметен град овозможуваме заштеда на електрична енергија, вода и струја и ги намалуваме штетните емисии на јаглерод диоксид. Како партнер за дигитална трансформација, им помагаме и на компаниите да го намалат користењето на електрична енергија со користење услуги во облак. Одиме и чекор понатаму со еко-акции за намалување на електронскиот отпад, но и за обнова на зелениот појас во што инвестираме секоја година. Цврсто веруваме дека дигиталната иднина им припаѓа на сите, затоа посветено работиме на намалување на дигиталниот јаз и се бориме против говорот на омраза на интернет.

Ги поттикнуваме младите да бидат креатори на безбеден и демократски интернет простор, каде што има место за сите. Етиката на дигиталниот свет кој го создаваме е еден од најголемите предизвици од кој зависи иднината на сите нас,а особено на младите. Затоа, оваа година ја почнавме иницијативата: „Заедно за интернет без омраза“ со која активно ги вклучуваме младите, им даваме глас, алатки, знаење да се борат за интернет без омраза и самите да бидат носители на промената.

Денес, предизвиците коишто стојат пред нас се комплексни и не постојат едноставни одговори. Но, ние имаме мотив да бидеме активен носител на наоѓањето решенија, затоа што нашата цел е да бидеме водечка дигитална и одржлива телекомуникациска компанија. Продолжуваме посветено да работиме за заедничка и одржлива дигитална иднина.

ОДРЖЛИВА ДИГИТАЛНА ИДНИНА ЗА СИТЕ

Slavko Projkovski

Инвестираме во сегашноста, а размислуваме за иднината. Нашата мрежа и новите технологии се клучна алатка за справување со климатските промени. Но одиме чекор понатаму, грижата за животната средина е дел од нашето секојдневно работење. Затоа остануваме посветени на одржливите практики, воведуваме одржливи продукти, уреди и решенија. Целосно сме CO2 неутрални, а преку циркуларна економија се повеќе влијаеме на намалување на електронски отпад. Нашата стратегија е јасно зацртана и долгорочна – да бидеме водечки дигитален оператор кој се залага за заедничка одржлива иднина.

Славко Пројкоски

Emilija Andonovska

Нашата цел е да понудиме многу повеќе од телекомуникациски услуги и да ја искористиме технологијата за да отвориме нов свет на искуства за нашите корисници, нивните семејства и нивните пријатели. Нашата амбиција е да отвориме ново поглавје во кое животните искуства и задоволството на нашите корисници се во центарот на нашето делување - од телекомуникациски оператор да прераснеме во вреден секојдневен придружник којшто се ангажира за задоволството на корисниците на едно сосема ново ниво.

Емилија Андоновска

Maja M. Naumovska

Имаме амбициозен план – да не запреме додека не ги поврземе сите. Дигиталното општество треба да обезбеди еднаков пристап за сите, токму затоа постојано инвестираме и ја надградуваме мрежната инфраструктура со најнови технологии, дури и на најнепристапните места. Подеднакво сме посветени на ширењето и развојот на оптичката и 5G мрежа за нашата заедничка дигитална иднина. Годинава, нашето технолошко лидерство доби и своја официјална потврда, преку престижните признанија: Ookla® за најдобра мрежа и мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации.

Маја Милосавлевска Наумовска

Marjan Bogatinovski

Посветени сме да бидеме доверлив партнер за дигитализација на бизнисите и институциите но и да ја предводиме дигиталната трансформација на целото општество. Со новите технологии штедиме вода и струја и ги намалуваме штетните емисии на јаглерод диоксид. Со нашите иновативни ИКТ решенија ја предводиме еволуцијата на паметни градови во Македонија. Ја користиме моќта на технологијата која е наша алатка за да бидеме двигател на одржливи практики и подобра иднина за сите.

Марјан Богатиновски

ПОСТИГНУВАЊА
2023

CO2 неутралност

Eлектронски сметки 84% Заштедивме 55 тони хартија

Електрична енергија 60% од обновливи извори

Заштеда на енергија 80% преку Telekom cloud

Био-разградливи пакувања 100% на нашите уреди

Рециклирани 16.000 стари мобилни телефони

Дигитална инклузија 25.000 корисници

Задоволство на корисници #1

TRI*M 94 Поени

Задоволство на вработени 63%

Застапеност на жени во менаџмент 45%

tag-9

Посветени да ги поврземе сите, секаде, преку најдобрата мрежа

Посветени да ги поврземе сите, секаде, преку најдобрата мрежа.

Имаме амбициозен план – да не запреме додека не ги поврземе сите. Дигиталното општество треба да обезбеди еднаков пристап за сите, токму затоа постојано инвестираме и ја надградуваме мрежната инфраструктура со најнови технологии, дури и на најнепристапните места. Подеднакво сме посветени на ширењето и развојот на оптичката и 5G мрежа и напорно работиме на нашата заедничка дигитална иднина. Годинава, нашето технолошко лидерство доби и своја официјална потврда, преку престижното признание на американската компанија Ookla® за најдобра мрежа.

Наградите Speedtest AwardsTM на Ookla® се одраз на реалните перформанси на мрежата и ги потврдуваат интернет брзините и покривањето. Ова интернационално признание им се доделува на оператори со исклучителни перформанси, врз основа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликацииите на Speedtest®. Со оваа награда и де факто потврдивме дека ја имаме најдобрата мобилна мрежа, мрежа со супериорна брзина, најголемо покривање на територијата на Македонија и најдобар квалитет. Добивме уште една неоспорна потврда за супериорноста на нашата мрежа. Според најновите мерења на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), нашата мрежа е #1 со 637,7 поени, што е највисок резултат во Македонија.

Со постојани стратешки инвестиции, компанијата за рекордно време го заврши и последниот циклус на модернизација на мобилната мрежа. Досега, 82% од населението можат да ја користат 5G технологијата. Засега сме единствениот оператор којшто испорачува гигабитни брзини на 5G мобилен интернет во повеќето градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура којашто интензивно се шири во земјата. На крајот на годината бројот на оптички пристапи е зголемен за 14,6 проценти во споредба со минатата година и изнесува 314 илјади пристапи, што е резултат на масовната миграција на корисниците од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање. Горди сме што покриваме речиси 3 пати повеќе домаќинства со оптичка инфраструктура од сите останaти оператори на пазарот заедно. Оптиката гарантира брзини и квалитет, но е и многу важна компонента за заштита на животната средина – драстично ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Оптичките влакна пренесуваат податоци на многу поголеми растојанија и немаат потреба од засилувачи, уреди коишто се користат кај бакарот и трошат многу електрична енергија. Дополнително, за да се дојде до бакар потребно е да се ископува, што влијае на биолошката разновидност, создава дополнителен отпад и има поголем јаглероден отпечаток. Каблите со оптички влакна се направени од стакло и тие се во моментов најеколошкото решение.

Намалувањето на количеството бакар што се ископува е клучно за ограничување на глобалното затоплување. Со инвестиции во најновите технологии, посветени сме на заштита на животната средина и на намалување на штетните влијанија врз природата и ја користиме технологијата во таа насока. Најголем потрошувач на електрична енергија е мобилната мрежа, којашто опфаќа околу 55% од целата потрошувачка. За долгорочно да го намалиме овој тренд, веќе работиме со функционалности базирани на вештачка интелигенција. Станува збор за сензори коишто се поставуваат на локациите кај базните станици и мерат колку енергија е потребна на одредена локација и испраќаат информација до централна платформа којашто ги обработува податоците. Планираме поставување фотоволтаици на најголемиот дел од базните станици. Овој систем е имплементиран во дата центарот во Скопје и резултира во заштеди од над 20%. Македонски Телеком продолжува да инвестира и во обновливи извори на електрична енергија со предвиден долгорочен план на инвестирање. Остануваме посветени на развивање на најдобрата мрежа и на создавање иновативни услуги и решенија со цел обезбедување оптимално корисничко искуство.

pokrienost optika
tag 11 tag 12

Посветени да ги освоиме срцата на корисниците

Во време на технолошка експанзија, нашата цел е да обезбедиме најдобра мрежа и врвна услуга, но и одново да ги поставиме правилата и вредностите во дигиталниот свет. Пред сѐ, да овозможиме широк пристап и да ги поврземе сите со сè што им е важно во нивниот личен и социјален живот на наједноставен начин. Затоа работиме на едноставни услуги, производи и дигитални кориснички алатки, како што се апликации и чет ботови, коишто го олеснуваат секојдневието и користењето на самите услуги. Но, ние одиме и чекор понатаму. Нашата цел е да понудиме многу повеќе од телекомуникациски услуги и да ја искористиме технологијата за да отвориме нов свет на искуства за нашите корисници, нивните семејства и нивните пријатели. Нашата амбиција е да отвориме ново поглавје во кое животните искуства и задоволството на нашите корисници се во центарот на нашето делување - од телекомуникациски оператор да прераснеме во вреден секојдневен придружник којшто се ангажира за задоволството на корисниците на едно сосема ново ниво.

#1

TRI*M INDEX (мерење на задоволство
на клиентите)

Горди сме што имаме TRI*M индекс (мерење на задоволството на корисникот) со вредност 94, додека стандардот во индустријата е помеѓу 50 и 70. Според Love Brands, Македонски Телеком е бренд број 3 во Македонија, далеку над конкурентите, а секоја година бележиме пораст. Ова ја докажува лојалноста на нашите корисници, но ни дава и мотивација да бидеме уште подобри.

Во 2023 ја воведовме Magenta Moments, дигиталната програма за наградување и поволности за корисниците, којашто е вистински пример за нашата заложба на корисниците да им обезбедиме многу повеќе од телекомуникациски услуги. Оваа програма нуди атрактивни понуди и поволности од меѓународни, национални и локални брендови од многу категории поврзани со животниот стил. Дополнителна вредност е што станува збор за меѓународна програма на Дојче Телеком со придобивки за корисниците ширум Европа.

Исто така, со T-Phone и T-Tablet ја покажуваме нашата посветеност кон намалувањето на дигиталниот јаз. Не водиме грижа само за поврзувањето, туку со понуда на уреди по достапни цени овозможуваме и пристап до новите технологии за сите.

Во текот на изминатата година беше воведен нов, целосно иновативен пристап за корисничка интеракција, обезбедувајќи им подобро искуство на корисниците, повеќе придобивки, непречена 24-часовна достапност за сите услуги, како и проширување на портфолиото на целосно дигитални процеси за сите кориснички патувања (customer journeys) на корисниците на мобилни услуги, вклучително и набавки на нови линии и преносливост на мобилниот број.

Фокусот остана на подобрувањето на корисничкото искуство при користење на мобилната апликација Telekom MK, којашто сега на корисниците им овозможува низа дигитално достапни производи и услуги коишто се достапни за активација во реално време и без потреба од човечки контакт, за сите мобилни, интернет и ТВ корисници.

tag 11 tag 12

Посветени на дигитална трансформација на општеството

Посветени сме да ја предводиме дигиталната трансформација на бизнисите, институциите и општеството воопшто. Со новите технологии штедиме вода и струја и ги намалуваме штетните емисии на јаглерод диоксид. Со нашите решенија за паметен град ја предводиме еволуцијата на паметни градови во Македонија. Ја користиме моќта на технологијата за дигитална, одржлива иднина за сите.

Со паметно јавно осветлување покриваме повеќе општини: Скопје, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Василево, Крива Паланка, а наскоро и Кочани. Со дигиталните решенија за паметно осветлување се подобрува квалитетот на осветлувањето и безбедноста, а од друга страна, се намалува користењето на електрична енергија и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Со решенијата за паметен паркинг, го правиме поефикасно користењето на моторните возила и влијаеме на намалување на штетните гасови во воздухот. Со паметните водомери за далечинско читање на потрошувачката на вода се намалуваат загубите во водоснабдувањето и се рационализира трошењето на водата којашто сѐ повеќе станува ресурс од непроценлива вредност. Дополнително, паметните водомери може да се користат и за оптимално наводнување на површините под земјоделски култури. Во Telekom Cloud, нашите високоефикасни дата центри трошат до 80 отсто помалку енергија во споредба со она што се случува кога корисниците користат нивна сопствена инфраструктура.

Одиме и чекор понатаму, развиваме сопствени иновативни решенија, како решението за паметно мерење и управување со електричната енергија, коешто овозможува контрола на потрошената и произведената електрична енергија и други електрични параметри.

Решението, коешто е интелектуална сопственост на Македонски Телеком, обезбедува веб и мобилна апликација во облак преку која се следи потрошувачката во реално време, како и квалитетот на испорачаната електрична енергија. Со ова решение редовно може да се следи потрошувачката и проактивно да се реагира, со што се минимизираат и трошоците. Решението можат да го користат сите компании и институции, а идеално е за компании коишто имаат голема и варијабилна потрошувачка на електрична енергија, како и сопствени фотоволтаични системи.

Нашата посветеност да бидеме доверлив партнер за дигитализација на бизнисите и институциите, како и двигател на одржливи практики, се одрази со зголемување на индексот TRIM во К3 од 2023 година за 30 поени разлика во однос на главниот конкурент и задржување на позицијата број еден во B2B DT EU.

Telekom Cloud 80% заштеда на ЕНЕРГИЈА

Digitalna transformacija
4

Посветени на најдобриот тим

Нашите вработени се камен-темелник на нашата организација. Нивната посветеност, стручност и пасија се движечката сила зад сите наши успеси и токму затоа ни се важни нивниот развој и благосостојба. Годинава, продолживме со инвестиции во нивното усовршување, имплементирајќи бројни иницијативи и организациски промени за подобра соработка и продуктивност.

Нов начин на работа, флексибилна структура

Го претставивме концептот „Нов начин на работа“ за да поттикнеме динамична и колаборативна работна средина. Овој пристап овозможува тимовите да имаат поголема автономија и флексибилност, што носи зголемена продуктивност и ангажман на сите членови како и поголем придонес во успехот на компанијата. Сега, секој член на тимот има поголема одговорност за резултатите и споделени заслуги за успесите. Оваа промена води до зголемена продуктивност и ангажман, со приоритет на соработката и растот на тимот. Воведовме агилна методологија со структури како „Tribes“, „Streams“, „Squads“ за функции што додаваат вредност, и „Hubs“ и „Centers of Expertise“ за оперативна поддршка.

Со овие промени, создаваме култура на приспособливост, иновации и еластичност, подготвени да одговориме на променливите потреби на пазарот.

Програми за развој на вештините и за стекнување нови знаења

Презедовме различни иницијативи за поддршка на развојот на вештините на вработените, како и за поттикнување можности за учење и на членовите на нашиот тим им овозможивме да го достигнат својот максимален потенцијал.

Во 2023 година, на нашите вработени им понудивме серии обуки за вештачка интелигенција, машинско учење со Python, развој на софтвер, анализа на податоци, генеративна вештачка интелигенција, облак технологии, DevOps, комуникација насочена кон клиентите, и визуелизација на податоци со Power BI.

Воведовме програмата Learn.Step.Grow, обединувајќи ги сите курсеви и можности за локален развој. Дваесет и еднодневниот предизвик имаше за цел да ги подобри вештините на вработените, помагајќи им да се префрлат од Power BI на Power Platform, преку секојдневно учење и задачи. Програмата Learn.Step.Grow формираше заедница од околу 40 вработени, ентузијасти за учење и развој. Имплементацијата на Microsoft 365 и различните предавања за Microsoft Teams го подобрија користењето на новите алатки и апликации.

Програмата „Моќта на луѓето“ (Power of People) ги вреднува исклучителните придонеси на нашите тимови на секои 3 месеци, инспирирајќи посветеност и страст за успех. Кариерниот развој е од клучно значење за ангажманот, перформансите и лојалноста на нашите вработени. Од 2021 година, ова е во нашиот фокус, а во 2023 година спроведовме прво истражување за кариерен развој низ цела Европа, со цел да направиме позитивни промени во нашата работна средина.

600000km 40vraboteni
7 13 12 15
Zivotna sredina

Посветени на одржлива иднина

Посветени на животната средина

Преку дигитализација и одговорно делување посветени сме на заштита од климатските промени и успорување на ефектите од нив, а во фокусот ни се и циркуларната економија и зачувувањето на биодиверзитетот.

Намалување на CO2

Преземаме мерки за заштита на климата со намалување на емисиите на CO2, зачувување ресурси и поефикасно користење на енергија. Со дигитализацијата се зголемува потрошувачката на енергија, па затоа се обврзавме на ефикасно користење на енергијата и премин на обновливи извори на електрична енергија. Нашата цел е до 2025 година да бидеме климатски неутрални во однос на сопствените емисии со нивно намалување за 95% и компензирање на остатокот, а до 2040 година да бидеме целосно климатски неутрални. Оваа цел се однесува на целата групација и е базирана на Парискиот климатски договор. Главни мерки за постигнување на оваа цел се ефикасното користење на енергијата и преминот на нови, енергетски ефикасни технологии во целата телекомуникациска инфраструктура како и нејзина оптимизација . Работиме на обработка на податоци во два особено ефикасни дата центри каде го оптимизираме ладењето на расположивата ИТ технологија.

Дополнително ефикасно управуваме со имотот на компанијата и со возниот парк за да се минимизира влијанието врз климатските промени. Нашите решенија за одржливи производи и услуги им помагаат на корисниците да ги намалат ресурсите и енергетската потрошувачка, што придонесува за значително намалување на CO2. Пример е Cloud технологијата: користењето на софтвер и ИТ инфраструктура во TelekomCloud може да намали до 80% од енергијата споредено со користењето на сопствена инфраструктура.

Циркуларна економија

Нашата стратегија за корпоративна одговорност е фокусирана и на поддршка на циркуларната економија. До 2030 година, сакаме да бидеме водечки во оваа област и да ја применуваме на нашите технологии и уреди. Работиме на дизајн на производи изработени од рециклирани материјали, со поправка и реискористување на опремата го продолжуваме нејзиниот употребен век, користиме амбалажа која е целосно изработена од рециклирани и биоразградливи материјали, холистички управуваме со сите видови отпад. На тој начин нашите производи и услуги им помагаат на корисници и на заедницата воопшто, да направат заштеда на ресурси.

Одржливост преку дизајн

Производите треба да имаат долг животен век и да можат да се рециклираат. Во рамките на одржливите производи поведовме иницијатива за рециклирање смартфони овозможувајќи им на корисниците да учествуваат во циркуларната економија. Исто така, Македонски Телеком се грижи за одржување на уредите кај корисниците преку коишто се обезбедуваат услугите за интернет и телевизија. Уредот преку којшто се обезбедува MagentaTV е изработен 100 проценти од рециклирани материјали и ја носи ознаката #GreenMagenta.

Биодиверзитет

Посветени сме на зачувување на биодиверзитетот и нашиот главен фокус е пошумување опожарени региони, што е уште една потврда за нашата одговорност кон општеството и кон животната средина. Оваа активност е во тесна поврзаност со акциите за собирање стари мобилни уреди. Во однос на акциите за пошумување, пак, не само што поддржуваме туку и поттикнуваме проекти за пошумување и активно учествуваме во нив заедно со голем број вработени и со локалната заедница.

Инвестираме во сегашноста, а размислуваме за иднината. Нашата мрежа и новите технологии се клучна алатка за справување со климатските промени. Но ние одиме и чекор понатаму, а грижата за животната средина е дел од нашето секојдневно работење. Затоа остануваме посветени на одржливите практики, воведуваме одржливи производи, уреди и решенија. Целосно сме CO2 неутрални, а преку циркуларната економија сè повеќе влијаеме на намалување на електронскиот отпад. Нашата стратегија е јасно зацртана и долгорочна – да бидеме водечки дигитален оператор којшто се залага за заедничка одржлива иднина.

до 2025година КЛИМАТСКИ
НЕУТРАЛНИ

shape

Ознаки за одржливост –
#Green Magenta и #Good Magenta

Во денешниот поврзан свет исклучително е важна одговорноста. Одговорност која оди чекор понапред од креирањето супериорна инфраструктура. Одговорност за одржливост и чување на природните ресурси, одговорност за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество. Одговорност за заедничка одржлива иднина.

Со ознаките #GreenMagenta и #GoodMagenta Дојче Телеком ја потенцира и обележува одговорноста кон животната средина и општеството.

9
Good magenta

#GoodMagenta е за иницијативи кои носат позитивни промени во дигиталниот свет и влијаат на намалување на дигиталниот јаз. Во овој контекст особено е важно креирањето на подобар и побезбеден интернет простор.

Заедно за интернет без омраза

Како креатори на дигиталната иднина наша задача е да влијаеме и на креирање на нејзината етика. Говорот на омраза на интернет е еден од најголемите предизвици денес кој ги допира сите, особено младите. Како генерација која поминува најмногу време онлајн тие се најизложени на говор на омраза и врсничко онлајн насилство. Според истражувањето на UReport, дури 24% од младите кои имаат пристап до интернет барем еднаш се почуствувале небезбедно онлајн во последната година.

Станува збор за феномен на современото општество кој предизвикува сѐ поголема загриженост и проблеми за младите, но и за нивните родители, старатели и воспитувачи. А ние имаме одговорност да направиме позитивна промена, да учествуваме во создавање безбеден интернет простор.

5 3
internet bez omraza

Интернет без омраза
Им даваме глас на младите да се борат за интернет без омраза

Нашиот мотив е безбеден интернет и што повеќе млади да се борат против насилството и да поттикнуваат креативна и позитивна енергија онлајн. А на младите најмногу им значи мислењето на нивните врсници. Затоа начинот на кој една иницијатива ќе има најмногу влијание е да биде водена преку младите, тие да бидат креатори, учесници и лица на кампањата.

Така ја создадовме младинската иницијатива: Заедно за интернет без омраза со која активно ги вклучуваме младите, им даваме глас, алатки, знаење да се борат за интернет без омраза и самите да бидат носители на промената.

Иницијативата е дел од долгогодишното партнерство помеѓу Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ чија цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација.

Младинска кампања
За булингот крај, бај, бај!

Под слоганот „За булингот крај, бај-бај“, кампањата вклучува над дваесет видеа за социјалните медиуми. Некои вклучуваат пораки како „Зборовите имаат тежина, затоа бирајте ги внимателно“ за да го насочат вниманието кон штетните влијанија на сајбер-булингот. Други вклучуваат пораки коишто ги повикуваат самите млади луѓе да не бидат пасивни набљудувачи и да понудат поддршка доколку се сведоци на сајбер-булинг.

Кампањата започна на социјалните медиуми на Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза. Страста, посветеноста и креативноста на младите луѓе кои работеа на оваа кампања јасно се гледа од крајниот производ. Горди сме на нивното постигнување и веруваме дека ќе влијае позитивно на многу други млади луѓе. За оваа иницијатива добивме награда за посветеност во сферата на општествената одговорност од Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) и Конект во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Работилници за дружење и креирање

Иницијативата почна со отворен повик до децата и младите од земјата за вклучување во работилници за креирање кампања за безбеден интернет. За време на работилниците 30 деца и млади учествуваа во групни креативни сесии за конципирање кампања и развој на пораки. Младите научија повеќе за врсничкото онлајн насилство, како да го препознаат и спречат, ги дефинираа целите за промена на однесувањето и работеа на наратив. Преку заедничко креирање со психолози, креативни експерти и експерти за комуникација, тие работеа на план и концепт за кампањата, креирање видеа и други комуникациски материјали. Тие разговараа за проблемите и нивното решавање, учеа и работеа заедно со професионалци, заедно создаваа видеа, глумеа, беа режисери и се дружеа.

elderly-beneficiaries
tag-12
Green Magenta

#GreenMagenta се користи за продукти, проекти, мерки и иницијативи кои носат позитивна промена за намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.

Овие ознаки ги носат исклучителни иницијативи од целата групација.

Иницијатива за намалување на електронскиот отпад – Еко попуст

Како дел од Дојче Телеком групацијата посветени сме на намалување на штетното влијание врз природата во нашата секојдневна работа и преку поттикнување зелени иницијативи. Климатските промени нè засегаат сите и имаме заедничка одговорност да направиме разлика. Циркуларната економија е наша стратешка определба, а еден од главните елементи на циркуларната економија е намалување на електронскиот отпад и повторна употреба на материјалите од старите мобилни телефони.

phone
tag 13 tag 15

Заедно за заштита на животната средина

Со нашата кампања за собирање на стари мобилни телефони во 2023 година собравме дури 16.000 електронски уреди. Но локалната кампања има уште една поголема цел – обнова на подрачјата коишто последните неколку години беа зафатени од големи шумски пожари. Во 2023 година, иницијативата за пошумување опожарени подрачја продолжи во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија, преку проектот „Боренка“.

„Боренка“ е акција во која учествуваат сите граѓани, како креатори на виртуелната шума и како волонтери за пошумување преку заеднички акции на општините и на Сојузот на извидници. Македонски Телеком се обврзува за секое нацртано дрво во источниот дел на виртуелната шума да засади природно.

На крајот на годината, во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери и вработени во Телеком насадени се нови дрвца за обнова на зелениот појас во источниот регион.

Освен акциите на терен и креирањето виртуелна шума, со ова партнерство се јакнеше и се развиваше волонтеризмот и едукацијата на најмладите за заштита на животната средина. Во последниве неколку месеци, над 3000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на „Боренка“, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума.

Обновата на природните ресурси и намалувањето на електронскиот отпад се наша обврска и стратешки приоритет. Со партнерството со Сојузот на извидници на Македонија го прошируваме полето на делување и иницираме едукација и масовни акции за да направиме вистинска разлика.

Десктоп верзија