АКТИВИРАЊЕ HBO MAX
На вашиот паметен телефон или таблет ја инсталирате мобилната апликација HBO Max. HBO Max за Android уреди е достапна за преземање во Google Play Store, а за iOS уреди во App Store.
Преку вашиот компјутер пристапувате на www.hbomax.com. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач.
Доколку немате активен HBO пакет на вашиот MaxTV, потребно е најпрво да активирате HBO на MaxTV преку Мени >ТВ пакети или преку TelekomMK App.
Регистрирајте се на мобилната апликација HBO Max или www.hbomax.com:
- Одберете регистрација преку операторот Македонски Телеком.
- Доколку сте корисник на фиксни услуги (на пр. 3 Max), внесете фиксен број (на пр. 023333333) или претплатничка ознака (пр. L1111111) и број на конто (од вашата сметка).
- Доколку сте корисник на Magenta 1, внесете мобилен број (пр. 070999999) во комбинација со матичен број или 6-цифрен број од SIM картичка.
- По успешната регистрација, се најавувате и можете да започнете со користење HBO Max.
Мобилната апликација HBO Max е поддржана на следните Smart TV уреди: Apple TV 4K, Apple TV HD, Android TV со Android OS 5 или понов Chromecast, Samsung TV (2016 год. или понов модел) и LG Smart TV со webOS 3.5 или понов.
Доколку користите HBO Max преку паметен телефон и мобилна мрежа, имајте предвид дека интернет сообраќајот вклучен во вашата мобилна тарифа подлежи на трошење.
Упатство за активирање