Услугата Електронско плаќање претставува е-плаќање на месечните сметки за фиксните и постпејд приватните корисници на Mакедонски Телеком, и се реализира во четири чекори. На порталот Мој Телеком плаќањето се реализира во следните чекори:
Чекор 1: Трансакцијата започнува во менито Електронска сметка каде што во колоната „Плати" треба да кликнете на неплатената сметка/сметки, да ја проверите е-адресата на која сакате да добиете потврда за платената сметка и да го притискате копчето „Плати". Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки. Доколку плаќате повеќе од една сметка, износот во денари ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од вашата платежна картичка. За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја проверите својата е-адреса. Ако сакате да добивате потврда на друга е-адреса, потребно е да ја смените. Известување за успешноста на трансакцијата ќе добиете со SMS порака и на вашата е-адреса. По притискање на копчето „Плати", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2: Во овој чекор сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска банка, каде што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате вашите лични податоци и податоците за платежната картичка, а на десната страна се проследени внесените податоци од Чекор 1. Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска банка, Mакедонски Телеком нема увид во податоците што ги внесувате.
Чекор 3: На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското плаќање сметки. Сè уште се наоѓате на страницата на Стопанска банка.
Чекор 4: По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на порталот Мој Телеком, каде што ве информираме за успешноста на трансакцијата. На вашата е-адреса и на вашиот мобилен број, ќе добиете потврда за трансакцијата.
Електронската сметка можете да ја платите и преку Плати онлајн порталот и преку мобилните апликации Telekom МК и mWallet, при што е потребно да го знаете бројот на месечната сметка. На овој портал и преку мобилните апликации можете да платите до 10 неплатени сметки од различни корисници одеднаш.
На порталите Мој Телеком и Плати онлајн има демо верзија за плаќањето сметки, со која процесот на плаќање уште повеќе ќе ви се поедностави.