Преселба

Доколку имате потреба за преселба на постоечката телефонска линија на нова адреса, Македонски Телеком ја обезбедува оваа можност. Поднесете барање за преселба во еден од нашите продажни салони и доколку на новата адреса постои техничка можност преселбата ќе ја обезбедиме бесплатно.

Во случај кога на новата адреса нема техничка можност, тогаш треба да се платат стварните трошоци за поставување на линијата.

Доколку телефонската линија сакате да ја преселите во истото нумерациско подрачје, ќе можете да го задржите истиот телефонски број. Задржувањето на бројот е целосно бесплатно во случај кога преселбата е во рамките на една централа, а во случај на преселба на друга централа, задржувањето на бројот се обезбедува со Географска преносливост при што се плаќа еднократен надомест од 236 денари.

Десктоп верзија