Магазин бр.2

Кон архивата Погледнете ги минатите броеви

ВО ОВА ИЗДАНИЕ

Ова есенско издание на Tелеком Бизнис магазинот носи освежување со важни теми од дигитализацијата на бизнисите и на општеството и за нашиот придонес со конкретни ИКТ и паметни решенија.

Прво, ќе дознаете повеќе за развојот на нашите решенија во телемедицината преку напредното кардиолошко ИТ решение. Ова решение, со функции како што се напредна ЕКГ-анализа, беспрекорна интеграција со различни кардиолошки уреди и моќни способности за управување податоци, ја покажува огромната важност на телемедицината.

Потоа, ќе можете да прочитате за нашата услуга за безбедност на интернет - SafeNet и за важноста да се откријат и спречат заканите на интернет во вашето деловно работење. SafeNet го блокира пристапот до сите интернет-страници што се категоризираат како небезбедни.

Поголемата ефикасност во индустриското производство значи подобро планирање на работата, пократки рокови на испорака, помалку и пократки неочекувани прекини и уште многу други предности и позитивни примери за електронскиот систем за лоцирање во реално време од нашето портфолио.

Животната средина отсекогаш била нешто за кое сме сакале да го кренеме гласот, но и директно да учествуваме во нејзината заштита преку креирањето и употребата на технолошките решенија.

Дознајте повеќе за паметното управување со отпад и колку е важна технологијата во борбата за зачувување на загрозените видови, конкретно на нашата национална гордост – балканскиот рис.

Остануваме посветени на креирањето напредни технолошки решенија кои што ги подобруваат бизнисите на компаниите и животот на сите.

T Business logo
Импресум
Десктоп верзија