Роаминг водич

Активирајте го посакуваниот роаминг пакет

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПАТУВАЊЕ

Подгответе се на време за вашето патување. Најдете ги сите потребни информации за активирање роаминг пакет за безгрижно да сурфате и разговарате, каде и да сте!

Важни чекори пред патување

Пред да патувате направете ги овие важни чекори
  • 1.

    Проверете дали имате активна роаминг услуга во Telekom MK App или јавете се на 122

  • 2.

    Проверете ги цените на СМС, разговорите на следниов линк, а вклучениот интернет во земјата во која ќе патувате преку Telekom MK App

  • 3.

    Проверете го смартфонот за роаминг ограничувања

Подесувања за iPhone

Settings -> Mobile Services -> Mobile Data Options -> Data Roaming

Подесувања за Android

Settings -> Mobile Network -> Mobile Data -> Data Roaming

Веќе сте во странство

Веќе сте во друга држава
  • Проверете ги цените на интернет, СМС и разговори во земјата во која сте, на следниов линк
  • Доколку имате проблем со интернет, проверете дали се вклучени мобилни податоци во самиот уред.
  • Проверете на кој мобилен оператор сте најавени, и доколку истиот не е во листата на оператори со кои имаме соработка, најавете се на друг оператор
  • Кој е приоритетот на трошење на роаминг пакетите?
    1. Роаминг интернет во Западен Балкан

    2. Интернет Балкан, Интернет Свет роаминг пакет

    3. Проверете го смартфонот за роаминг ограничувања

    4. Вклучен роаминг интернет во тарифата, доколку е потрошена количината на интернетот во пакетот кој го користите, можете да активирате дополнително уште еден пакет.

Веќе сте дома

Кога ќе се вратите дома, не е потребно да правите дополнителни подесувања во уредот. Услугата автоматски се гаси, со најава на мрежата на Македонски Телеком.

Ако живеете во гранична област, проверете на која мрежа сте најавени. За да избегнете несакани трошоци, одберете ја мрежата рачно и најавете се на мрежа на Македонски Телеком.

Би можело да ве интересира

  • Доколку имате проблем со дојдовни или појдовни повици во роаминг, можно е да има забрани во самиот уред, и истите ќе ги деактивирате во самиот уред во менито за подесување.
  • Доколку забраните се системски, јавете се во контакт центарот, на 122. Пожелно е да го направите ова пред да патувате надвор од земјата.
  • Доколку сте во роаминг, цената за дојдовните повици е различна, во зависност од зоната во која се наоѓате, и може да ја проверите на следниов линк
  • Доколку воспоставите повик со корисник кој е веќе во роаминг, цената не се менува ако бирате број на Македонски Телеком. На корисникот кој е во роаминг ќе му се наплати цена за дојдовен повик.

ИНТЕРНЕТ БАЛКАН

Доколку патувате во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Интернет Балкан роаминг пакетот е вистинското решение за вас.

Повеќе

ИНТЕРНЕТ СВЕТ

Одберете и активирајте пакет кој најмногу одговара на вашите потреби и уживајте во непречена интернет комуникација каде и да сте во светот.

Повеќе

РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Roam Like At Home“ (RLAH) се однесува на 6-те земји од Западен Балкан (WB6) и важи за сите оператори од WB6 земјите - Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Повеќе
Десктоп верзија