Следниот бран на дигитална трансформација е на повидок – и ќе биде вистинско цунами.
SAP извештајот за 2017 година покажа дека 84% од организациите сметаат дека дигиталната трансформација е важна за нивниот успех, но само 3% од нив завршиле со нивните иницијативи за трансформација.
Следниот бран на дигитална трансформација е на повидок – и ќе биде вистинско цунами. SAP извештајот за 2017 година покажа дека 84% од организациите сметаат дека дигиталната трансформација е важна за нивниот успех, но само 3% од нив завршиле со нивните иницијативи за трансформација.
Овој бран ќе се состои од апликации направени од граѓани - програмери (developers). Наскоро, тие ќе можат да направат сопствени апликации, исто како што деловните корисници можат да направат свои табеларни пресметки, документи и презентации.
Каде е ИТ во поглед на сето ова? Во моментов, компаниите што се потпираат само на ИТ, за да ја поттикнат дигиталната трансформација, ја спроведуваат со премногу бавно темпо. Ако работат само со професионалните програмери, тие никогаш нема да го достигнат потребното ниво на дигитална трансформација.
ИТ од минатото
Традиционално, пристапот на ИТ службите кон дигиталната иновација се одвива полека. Тие се сметаат самите себе како вратари на технологијата: Ако сакате да ја користите, мора прво да ве пуштат да поминете покрај нив. ИТ тимовите го прават ова затоа што тие се гледаат себеси во улога на чувари на сегашниот технолошки систем - а не како лица што ја отежнуваат дигитализацијата. Особено во големите претпријатија, целта на ИТ департманите е да не се измешаат работите.
Скоро од самата појава на ИТ секторите, тие ги одмеруваат силите со деловните корисници за ресурсите и нивно прифаќање. Сепак, како што напредува технологијата, така се зголемува и ова ривалство. Ако една организација се надева да остане во конкуренција со останатите, бизниси ИТ тимовите мора да работат заедно.
Кога компјутерите за прв пат се појавија во светот на бизнисот, ИТ беше одговорен за сите одлуки во врска со технологијата, во поглед на и на хардвер и на софтвер. Сигурноста е главната причина зошто ИТ секогаш го има последниот збор. Сепак, како што се развива технологијата, се поголем број бизнис лидери и вработени изнаоѓаат начини да го надмудрат ИТ и да ги користат машините и програмите што тие ги преферираат.
Ова создава еден вид на нестабилност, што ја прави вистинската ИТ сигурност речиси невозможна. Всушност, според една студија наSafeBreach, малициозниот софтвер успева во околу 60% од времето. Поседувањето имплементиран соодветен сигурносен план не само што е проактивно – туку е и апсолутно потребно нешто.
Со cloud, технологијата и дигиталните решенија , потребни за секое претпријатие, се бара развој на нов ИТ пристап. Наместо да служат како чувари на сигурноста, ИТ секторите треба да се гледаат себеси како способни за употребата на оваа технологија. Овие тимови треба да бараат платформи коишто им нудат на деловните корисници можност за креација на решенија според нивните потреби. Суштинската технологија е сèуште далеку од масовната употреба, така што ИТ може да ја демократизира и прилагоди технологијата за тоа.
Дигитална трансформација на иднината
Следниот бран на трансформација ќе биде широк, но не длабок. Најсуштинските решенија коишто им биле потребни на деловните корисници се веќе направени. Сепак, потребни се уште стотици посебни решенија во секоја организација. Ова вклучува аспекти на бизнисот насочени кон корисниците:
Студијата направена од страна на AlixPartners и MIT покажа дека - само 23% од компаниите имаат целосно дигитализирани деловни процеси и кориснички интерфејси.
Постигнувањето на целосна дигитална трансформација значи изнаоѓање начин да се измерат и достугнатдигиталните решенија. Помошта од граѓаните - програмери би била од корист. Овие поединци треба детално да го познаваат бизнисот- и да бидат способни да работат директно со новите технологии.
Сепак, за да им се овозможи ова на граѓаните - програмери, потребно е да се елиминираат целосно кодираните платформи. Платформите треба да бидат поедноставни, полесни за употреба и опремени за обичните деловни корисници. Со други зборови, платформите за луѓе што не се ИТ корисници треба да стават акцент на User Iinterface-от / User Experience додека во исто време нудат огромни можности / карактеристики.
Дали сте подготвени да почнете со освојувањето наследниов бран на трансформацијата?
Еве како може да го направите тоа:
1. Зголемете ја вашата фантазија.
Многу бизнис лидери сèуште немаат размислено за креирање нивни сопствени решенија. Сепак, ИТ не мора да постои во вакуумот фокусиран на сигурноста. Започнете да размислувате за технологијата како решение за бизнис проблемите . Поттикнете вкрстено-организациска соработка помеѓу деловните корисници и ИТ професионалците. Споделете приказни низ секторите за да ги инспирирате сите членови на секторските тимови да размислуваат за тоа како да ја користат технологијата за решавање на деловните предизвици на софистициран начин.
2. Обучете ја вашата работна сила
Без разлика дали сте ги пронашле или не, постојат многу сегашни и идни граѓани - програмери меѓу вас. И покрај тоа, можно е некои од нив да се плашат да навлезат во светот на креирање на нивни сопствени решенија доколку истите не ги охрабрите. Треба да ги пронајдете таквите ревносни членови од тимот и да направите група од предводници коишто имаат желба да креираат сопствени апликации. Потпомагањето на група на водечки граѓани – развојни програмери, не само што ќе ја подобри самодовербата на тие поединци во нивните способности, туку и ќе им покаже на луѓето во организацијата дека тоа е возможно.
3. Инвестирајте во соодветни платформи
И додека продуктите беа златното дете на технологијата во изминативе 10 години, платформите ќе станат решението на кое сите ќе се потпираат во наредната деценија. Групите во рамки на вашата организација ќе сакаат да создадат нивни сопствени апликации, па затоа осигурајте се дека вашата компанија ја поседува најдобрата можна мулти-функционална технологија.. Консултирајте се со лидерите на различни тимови во вашата организација.
Во моментов, истражувањето покажува дека само 60% од управувањето со деловни процеси е дигитално, што значително заостанува зад 79% од ИТ менаџментот што може да потврди дека е дигитален - време е да се достигне тоа.
4. Размислувајте за процеси, а не за задачи
Работната сила станува сè попроменлива за компаниите. Економијата на надворешни соработници продолжува да се истакнува, со зголемен фокус на работењето на далечина (дома и сл.) , наместо вообичаеното работење во канцеларија, од 9 до 5.
Всушност, од 2016 година, околу 35% од американската работна сила се состои од независни работници. Ова најверојатно ќе предизвика одлив во тимовите. Претпријатијата треба да размислуваат за процеси преку кои ќе добијат податоци најмногу што е можно без истите да зависат од одредени вработени. Овој прв пристап на процесот ќе овозможи полесна транзиција, бидејќи платформите свесни за контекстот може полесно да му помогнат на внатрешниот персонал, како и на надворешните соработници.
Растечкиот бран на технолошки способности не планира да запре во скоро време. Компаниите треба да ја приоритизираат сопствената дигитална трансформација ако сакаат да останат во чекор со останатите, без разлика на индустрија во која работат.
Лидерите треба да ги следат овие 4 (четири) чекори ако сакаат да осигураат дигитален начин на размислување со кој може да го дочекаат бранот што доаѓа.