Романците и Македонците се свртеа кон Magenta 1 Business
Романците и Македонците се свртеа кон Magenta 1 Business
Кои се „скриените асови“ на Источна Европа? Тоа се малите, средните и многу малите бизниси. Токму тие, а не глобалните гиганти, се оние кои отвораат работни места и ја заживуваат економијата во регионот. Меѓутоа, нивниот успех зависи од ефективна комуникација и одржување чекор со дигиталните новини. Токму затоа и се вртат кон нашиот конвергиран пакет на фиксни/мобилни/cloud услуги, MagentaOne Business.
Романските и македонските корисници се предводници на овој тренд. Во моментов, над 50% од бизнисите во Романија и Македонија користат комбинација од две или три фиксни/мобилни/cloud услуги. Зошто е тоа така? Впрочем, активноста на малите и средните бизниси не е поголема таму отколку на друго место. Одговорот е клише: задоволството на корисниците.
Мотивирани од силната конкуренција, Телеком Романија и Македонски Телеком се фокусираа на задоволување на локалните потреби. Тие обезбедуваат високо индивидуализирана корисничка поддршка во согласност со конкретниот бизнис на корисникот. Тие му додаваат вредност на пакетот со тоа што не нудат само телекомуникациски услуги, туку и помагаат во растот и дигитализацијата на бизнисите на корисниците. И систематски ги претвораат повратните информации на корисниците во нови придобивки.
Во Романија, на пример, Телеком Романија одговори со Бетмен – интерното име за нивната програма за продажба. Бетмен беше силно посветен на неговата кауза, извонредно упорен во извршувањето на мисиите, исклучително вешт во битките и брз во изнаоѓање решенија. Со други зборови, добар пример. Романскиот пристап „Бетмен“ одигра голема улога во насочување постојните корисници кон фиксни и мобилни услуги – и во привлекување корисници со висока вредност, со ниска стапка на одлевање на корисници. При еден друг јуначки подвиг, Телеком Романија ветува дека ќе одговори на повиците на корисниците во рок од 10 секунди. Да ги тестираме? Мината година, за првпат во Европа воведоа и телекомуникациски пакети без никакви обврски. „Business Freedom“ нуди неограничени национални придобивки, без договорен период и целосна флексибилност на посакуваниот уред. Тоа ги менува деловните правила за однос со деловните корисници во Романија. Во Македонија, Македонски Телеком исто така ја зајакна својата база на корисници и додаде корисници со висока вредност, така што ги слушаше нивните потреби. Македонците сакаа услуга која е лесно разбирлива, флексибилна и прилагодена. Се разбира, MagentaOne Business беше добро решение затоа што е едноставно и нуди сѐ што му е потребно на вашиот бизнис на едно место. Меѓутоа, македонскиот тим постојано додава нови услуги за да им помогне на корисниците во нивните секојдневни бизниси. Тие, исто така, ги задоволија барањата на корисниците за висока вредност по поволна цена со флексибилна буџетска понуда.
Македонскиот тим за продажба не се гледа себеси како суперјунак, туку меѓусебно се мотивираат преку промовирање на добри лични примери, славење успеси и создавање позитивна работна атмосфера. Овие стратегии не се ништо ново. Сите знаат дека задоволството на корисниците е клучно за успехот. Но мора да се покажат резултати за да се биде успешен.