Гартнер, водечката светска компанија за истражувања и советодавни услуги неодамна објави дека cloud услугите „ја тресат“ индустријата.
Гартнер, водечката светска компанија за истражувања и советодавни услуги неодамна објави дека cloud услугите „ја тресат“ индустријата. „Не знаме за ниту еден добавувач или давател на услуги денес чиишто понуди за деловно работење и раст на приходите не се под влијание на сѐ поголемото усвојување на cloud-first стратегии во организациите“, напишаа тие во една неодамнешна објава за медиумите“.
Еве се нивните проекции:
- Светскиот пазар на јавни cloud услуги се очекува да се зголеми за 17,5% во 2019 година.
- Најбрзо растечки пазарен сегмент ќе бидат услугите за инфраструктура на cloud системот, наречени и Инфраструктура како услуга (IaaS), што се предвидува да порасне за 27,5% во 2019 година.
- Следниот најбрзо растечки сегмент ќе бидат услугите за инфраструктура за cloud апликации, наречени и Платформа како услуга (PaaS), со раст од 21,8%.
- Најголемата замена со cloud пред 2018 година се случи во Софтвер како услуга (SaaS), каде, во делот на управувањето со односи со корисници, повеќе трошоци за ИТ се влеаја во cloud отколку во традиционалниот софтвер. Апликацискиот софтвер ќе го задржи највисокиот процент на замена со cloud сѐ до 2022 година.
Но, ова е само почеток.
- До 2022 година, големината на пазарот и растот на индустријата на cloud услуги ќе се зголемуваат речиси три пати повеќе од растот на севкупните ИТ услуги.
- Според неодамнешните истражувања на Гартнер, над една третина од организациите ги сметаат инвестициите во cloud за еден од врвните три приоритети во поглед на инвестициите.
- Гартнер очекува дека до крајот на 2019 година, над 30% од новите инвестиции во софтвер на давателите на технолошки услуги ќе преминат од cloud-first на cloud-only. Ова значи дека користењето на софтвер врз основа на лиценца ќе продолжи драстично да се намалува, а SaaS и моделите за користење врз основа на претплата на cloud ќе продолжат да растат.
Следува стрмна крива на учење за фирмите
За да се приклучат на јавен cloud, на организациите ќе им бидат потребни услуги поврзани со cloud, како што се cloud консалтинг, имплементација, миграција и управувани услуги. Гартнер очекува 28% од трошоците во клучните ИТ сегменти да преминат на услуги базирани на cloud до 2022 година.
Менаџерите за технолошки производи во рамките на компаниите, кога станува збор за понуди на услуги поврзани со cloud, треба да се фокусираат на испорака на решенија што го комбинираат нивното сопствено искуство и реализација со понудите на хипер големите даватели на услуги. Ваквиот комплементарен пристап ќе поттикне трансформација и оптимизација на инфраструктурата и активностите на организацијата, истакнуваат од Гартнер.
За да бидат успешни, на фирмите ќе им биде потребна и ефективна стратегија. Сепак, според едно недодамнешно истражување на Гартнер ОК, помалку од една третина од компаниите во моментов имаат документирана стратегија за cloud.
Затоа е важно организациите да останат во тек со развоите во рамките на cloud индстријата и да бидат целосно информирани за сѐ она што им е потребно со цел работите да функционираат онака како што треба. Само така можат да креираат ефективна стратегија што ќе ги земе предвид сите сложени аспекти поврзани со преминувањето кон и управувањето на cloud.
{{Title}}
{{{Content}}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery}}
{{#not IsThumbNail}}
{{/not}}
{{/if}}
{{/each}}