Дали знаевте дека од споменикот на Бетовен во центарот на Бон се пуштаат најразлични композиции што ги компонирал самиот Бетовен? Вакви информации наскоро ќе бидат достапни за секого преку порталот за граѓаните на Бон, поддржан од Data Intelligence Hub (центарот за анализа на податоци) на Дојче Телеком.
Дали знаевте дека од споменикот на Бетовен во центарот на Бон се пуштаат најразлични композиции што ги компонирал самиот Бетовен? Вакви информации наскоро ќе бидат достапни за секого преку порталот за граѓаните на Бон, поддржан од Data Intelligence Hub (центарот за анализа на податоци) на Дојче Телеком.
Градовите веќе собираат многу податоци. Тие ги користат сензорите за сообраќај и за животната околина коишто обезбедуваат информации за тековниот сообраќај во градот или пак собираат податоци за квалитетот на воздухот, водата ... Другите можни апликации вклучуваат паметно паркирање, паметно улично осветлување или паметно управување со отпадот. Комбинирањето на податоците од различни извори им овозможува на градските планири да добијат уште повеќе вредни сознанија.
Градската управа на Бон е еден од првите партнери на Data Intelligence Hub-от и за почеток ќе го користи него во вид на граѓански портал, кој му овозможува на секого да добие информации за интересните места, локациите на точките со WLAN пристап и позициите на такси станиците или податоци за датумите на собирање на отпадот. Покрај тоа, Data Intelligence Hub-от исто така отвора и нови можности за компаниите. На пр., со собраните податоци една компанија за логистика може точно да дознае дали, кога, зошто и каде се доцни со одредена испорака. Сега, тие може да дејствуваат во реално време и да го скратат времето на чекање и трошоците за складирање и сигурно да планираат. Покрај тоа, Data Intelligence Hub-от дава можност на фирмите да ги монетизираат нивните податоци на транспарентен и сигурен начин.
Главните приоритети при имплементирањето на Data Intelligence Hub-от се безбедноста и довербата. Трансферот на податоци е кодиран и истиот се врши исклучиво само меѓу избраните партнери. Како решение што се базира на cloud, до Data Intelligence Hub-ot може да се пристапи во секое време, без оглед на уредот и системот. Тој беше креиран во тесна соработка со Меѓународната асоцијација за податочни простори (IDSA), чиј член е Дојче Телеком. Под раководство на Фраунхофер институтот за софтверска и системска технологија (ISST), ќе се создадат виртуелни податочни простори за безбедна размена на податоци преку меѓународните граници.
Повеќе информации за Data Intelligence Hub-от можете да најдете на следниов линк https://dih.telekom.net/ .
{{Title}}
{{{Content}}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery}}
{{#not IsThumbNail}}
{{/not}}
{{/if}}
{{/each}}