Доколку сте заинтересирани за идните трендови и иновации, Светскиот Конгрес за мобилни технологии во Барселона е вистинското место за Вас. Како една од најпопуларните и најважни теми, тука не изостануваат и паметните градови. На нашиот штанд сѐ е во знакот на одржливост и дигитални услуги во корист на граѓаните.
Доколку сте заинтересирани за идните трендови и иновации, Светскиот Конгрес за мобилни технологии во Барселона е вистинското место за Вас. Како една од најпопуларните и најважни теми, тука не изостануваат и паметните градови. На нашиот штанд сѐ е во знакот на одржливост и дигитални услуги во корист на граѓаните.
Квалитетот на воздухот е една од најчесто дискутираните теми низ Европа. И додека забраната да се користат возила би можела до некаде да помогне, решение со коешто дефинитивно ќе се подобри квалитетот на воздухот, без притоа да се спречи користење на возила од страна на работниците коишто секојдневно патуваат до своите работни места, како и семејствата, е таканареченото Градско дрво на ново основаната компанија Green City Solutions. Мовта којашто расте на неговата површина создава биолошки прочистувач на воздухот. Мовта главно опстанува од честичките прав и азотните оксиди коишто се испуштаат во воздухот. Максималниот капацитет е малку под 700,000 m3 воздух дневно и истиот може да се спореди со капацитет на воздух од 180 балони на топол воздух. Со IoT технологијата, снабдувањето со вода и хранливи материи автоматски се регулира, а сензорите даваат детални информации за еколошките перформанси и статусот на Градското дрво. И не само тоа, Градското дрво исто така може да се користи како место со Интернет пристап и да ја подобри севкупната мрежна покриеност во рамки на градот. На тој начин ова дефинитивно би било одлично место за одмор, нели?
Интелигентната контрола на сообраќајот е уште една од моите омилени работи, после бројните часови поминати во застој на сообраќајот на пат до работното место. Т-лабораториите на Дојче Телеком развиваат и тестираат решение коешто се заснова на вештачка интелигенција, а коешто го мери и анализира сообраќајниот проток и дава препораки за контрола на семафори. Во пилот проектот на плоштадот Ернст Ројтер во Берлин, сообраќајот би можел да се намали за 20%! Замислете си што сѐ може да направите со дополнителното слободно време доколку се намали времето што го поминуваме заробени во нашите автомобили.
И за крај, но не помалку важно од веќе кажаното, уште една иновација којашто може да има големо влијание врз граѓаните е апликацијата за паметен град. Кој барем еднаш не се нашол во бескрајни редици и процеси на шалтерите во јавната администрација. Само замислете си колку време е потребно да се регистрирате во нов град или да добиете нов пасош. Со апликацијата за паметен град, сите овие процеси ќе станат дигитализирани. Истата нуди многу други можности, на пример преку оваа апликација може да добиете пристап во библиотека, да изнајмите велосипед, да добиете пристап до базени и други јавни услуги. На крај, оваа апликација може да го поттикне учеството на граѓаните во процесите за донесување одлуки и истата нуди можности да се обезбедат директни повратни информации до градските службеници.
Ајде да ги направиме нашите градови позелени и попогодни за живеење! #takepart