Зошто Cloud и колку се безбедни податоците на Cloud инфраструктурата на Македонски Телеком?
1. Зошто Cloud и колку се безбедни податоците на Cloud инфраструктурата на Македонски Телеком?
За важноста на податоците на компанијата не е потребно да се зборува - без нив компаниите не можат да функционираат. Затоа, многу е важно да се посвети големо внимание на нивната безбедност.
Една од главните предности при чувањето податоци на Cloud инфраструктура и користење на Cloud услугитe на Македонски Телеком е токму нивната сигурност и безбедност. Податоците се чуваат на редундантна виртуелизирана хардверска инфраструктура од реномирани и докажани партнери, инсталирана во целосно опремени и заштитени дата центри, кои се изградени и функционираат според највисоки стандарди од аспект на безбедноста на податоците, со следниве главни карактеристики и елементи:
- Загарантирана информатичка безбедност овозможена преку:
- Системи за заштита од упади од надворешната и внатрешната мрежa;
- Стручни доверливи лица, одговорни за администрација на системите;
- Системско следење на сите активности на системите вклучително и активности за администрација: кој се најавил на системот, кој направил промена на системот, кој пристапил до податоците на системот, во кое време и слично.
- Стабилно (редундантно) напојување:
- Напојување од два независни довода на електрична енергија кои завршуваат на независни струјни изводи во јавната електрична мрежа;
- Редундантни UPS системи како второ ниво на заштита и обезбедување непрекинато напојување;
- Дизел агрегати со автономија за непрекината работа на системите како трето ниво на заштита во случај на комплетен прекин на енергијата од јавната електрична мрежа.
- Стабилно, редундантно ладење обезбедено преку примарен и бекап систем за климатизација.
- Централизиран систем за контрола и мониторинг на работните услови во дата центарот со стратешки поставени сензори за детекција на:
- работна темпeратура;
- истекување вода од системите за климатизација;
- присуство на прашина и останати несоодветни честички.
- Високо ниво на физичка безбедност:
- организирана во различни нивоа на пристап;
- сите влезови и излези во различните зони се евидентирани и историски достапни преку системот за контрола на пристап;
- централизиран 24-часовен видео надзор, со стриктна политика за чување и преглед на архивски снимки;
- 24 часа физичко обезбедување.
Како потврда за имплементација и исполнување на безбедносните мерки и меѓународните стандарди за управување со безбедност на информации е ISO 27001 сертификатот на Македонски Телеком.
2. Дали може да се направи сигурносна копија од податоците?
Кога станува збор за Cloud, допополнителна предност од аспект на безбедноста на податоците е тоа што тие се бекапираат на дневна основа и се чуваат заштитени во енкриптирана форма. Со самото тоа, податоците во Cloud се значајно посигурни од оние што се чуваат на некој локален диск или сервер,и веројатноста за губење е на податоците е комплетно минимизирана.
Дополнително, за сите системи кои се неопходни за континуитет на бизносот на корисникот, Македонски Телеком нуди репликација на податоците во географски дистрибуиран дата центар на оддалеченост од повеќе од 100 км. На овој начин бизнисот на корисниците е заштитен од потенцијални закани од пожар, поплава и земјотрес.
3. Каде се наоѓаат дата центрите на Македонски Телеком, односно каде се чуваат податоците?
Македонски Телеком располага со три дата центри, од кои два се на локација во Скопје, а третиот (Disaster Recovery) е на локација во Струмица. На овој начин, сите податоци што се чуваат на Cloud инфраструктурата на Македонски Телеком практично се чуваат во Македонија.
{{Title}}
{{{Content}}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery}}
{{#not IsThumbNail}}
{{/not}}
{{/if}}
{{/each}}