Оваа пролет на CeBIT 2016, Дојче Телеком и Huawei го лансираа својот партнерски проект - Open Telekom Cloud.
Оваа пролет на CeBIT 2016, Дојче Телеком и Huawei го лансираа својот партнерски проект - Open Telekom Cloud. Станува збор за платформа која ќе обезбеди Cloud услуги базирани на користење по потреба за сите eвропски компаниии, со цел да одговорат на предизвиците кои ги диктира динамиката на пазарот.
Она што партнерите се обидуваат да постигнат е да ја одиграат својата улога во ривалството со Google и Amazon, на која се вклучија и Dropbox и Box. Преку понудата на јавна Cloud инфраструктура, платформи и апликации кои се достапни преку интернет од која било локација, се овозможува понатамошен развој во ИКТ сегментот и сериозна алтернатива на етаблираните лидери во доменот на јавни Cloud сервиси.
Соработката со T-Systems, се заснова на обезбедување и одржување на мрежата од страната на Дојче Телеком и хардвер и решенија обезбедени од страната на Huawei. „Овозможуваме најдобар баланс меѓу цената, услугата и квалитетот за нашите корисници кога мигрираат од нивната ИТ инфратруктура на Cloud” - изјави д-р Фери Аболхасан, Раководител на ИТ Дивизијата на T-Systems.
Open Telekom Cloud ќе биде поставен во најсовремениот европски дата центар лоциран во Биере, при што секој процесиран податок е предмет на строгиот германски закон за заштита на податоци. Овој центар заедно со другиот дата центар во Магдебург, го хостираат најголемиот дел од податоците во екосистемот на технологија и софтвер на Дојче Телеком и неговите партнери. „Куќата на облаци“ на Дојче Телеком нуди решенија кои поврзуваат други „облаци“ и апликации. Имајќи го предвид искуството на експертите од T-Systems, податоците и сите апликации и околини во кои тие функционираат можат лесно да се мигрираат од јавниот на приватен Cloud.
{{Title}}
{{{Content}}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery}}
{{#not IsThumbNail}}
{{/not}}
{{/if}}
{{/each}}