Моја приказна: Стопанска банка АД Битола
Outsource концептот за деловно партнерство и поддршка што го нуди Македонски Телеком е потенцијално решение за многу потиснувани проблеми и новосоздадени предизвици на вашиот бизнис. Стопанска банка АД Битола е една од шеснаесетте банки во земјава која нам ни ја довери потребата за современо, лесно надградливо решение за нивниот личен деловен развој.
Профил
Стопанска Банка АД Битола спаѓа во групата средни банки. Основана е во 1948 година како комунална банка, а од 1962 почнува да функционира како регионална банка, покривајќи го југозападниот дел од државата. Денес банката е во експанзија и има тренд на проширување на територијата на Републикава, со вкупно 20 експозитури и над 24 банкомати со стремеж за постојан пораст.
Разговаравме со м-р Наташа Несторовска, член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Битола, во чија надлежност е Секторот за организација и ИТ во Банката, за да ја споделиме приказната за едно успешно деловно пријателство. Сакавме да дознаеме на кој начин оваа банка успева да го поддржи растот на бизнисот.
- Стопанска банка АД Битола отсекогаш вложувала во информатичката инфраструктура, затоа што таа директно влијае, дури и го овозможува растот во нашата главна дејност – банкарството. Банката располагаше со телекомуникациска и информатичка инфраструктура, која не соодветствуваше на зацртаната долгорочна стратегија во поглед на предвидениот интензитет на експанзија и поддршка во растот на Банката, следење на банкарските трендови, како и за развој на нови услуги по мерка на нашите современи корисници..
Дефинирање на потребите
Стопанска банка АД Битола се соочуваше со неколку ризични фактори во својата моментна состојба, како што се:
- Стара и дотраена телефонска инфраструктура;
- Застарена комуникациска опрема;
- Комплексна мрежна топологија која не е во состојба да овозможи раст на бројот на експозитурите;
- Парцијална редундантност на телекомуникациските сервиси, преку застарена технологија;
- Високи трошоци за одржување на телекомуникациската и информатичката инфраструктура;
- Долго време потребно за расчистување на пречките.
Ни стана јасно - вели м-р Наташа Несторовска - дека Банката мора да најде начин на кој ќе ги надмине овие не толку мали предизвици. Императив на банката стана надминувањето на овие проблеми, но со минимална инвестиција. Сакавме современо решение кое совршено ќе одговара на нашите потреби, на нашиот расположлив буџет и притоа ќе биде скалабилно, со високо ниво на достапност и испочитувани стандарди на високо ниво на информативна сигурност.
Размислувавте за набавка на нова опрема или на outsource решение?
И на едното и на другото, всушност. Анализата на придобивките наспроти трошоците ни даде сознание дека ако успееме да најдеме компанија која го има потребното знаење и искуство во областа на ИКТ технологијата, која исполнува светски признаени безбедносни стандарди, но и која е финансиски стабилна за долгорочно да ја поддржи банката со ИКТ како услуга, дефинитивно изборот треба да падне на outsource концептот.
Што беше најитно да се стори?
Круцијално прашање за Банката беше да се направи комплетен редизајн и обнова на WAN мрежата за поврзување на експозитурите заради брза и лесна интеграција, но и имплементација на економичен компаниски систем за телефонија којшто ќе направи исчекор во насока за обезбедување нови функционалности за нашите вработени, со што ќе им се олесни извршувањето на секојдневните работни обврски
Како се решивте да побарате помош од Македонски Телеком?
Најважно е што во Македонски Телеком препознавме искрен партнер, финансиски стабилен и со огромно искуство во областа на телекомуникациски мрежи и услуги, како и во информатичката технологија. Многу ни значеше фактот што Македонски Телеком поседува сертификација и работи според ISO стандарди за квалитет на давање на услугите, претходните позитивни искуства од соработката, така што финалната одлука за outsource концептот и исполнување на нашите барањата произлезе сама од себе
Решение за задоволување на потребите
Детектираните проблеми се олеснителен пат за решенијата. Каква беше новоотворената бизнис и ИТ перспектива?
Чекорите беа логични, високопрофесионални и последователни:
- Обновување на инфраструктурата, конективност и достапност без иницијална инвестиција;
- Агилна и брза имплементација;
- Корисничка поддршка согласно потребите на Банката;
- Намалување на трошоците;
- Контрола на апликациите;
- Едноставност!
Може ли уште подетално да ни кажете што сѐ беше направено во рамките на оваа соработка?
Со задоволство, зашто ова е наше скапоцено деловно искуство. Најпрво беше воведена целосно нова ИКТ инфраструктура како услуга. Поконкретно, беше направен комплетен мрежен редизајн на WAN мрежата согласно најдобрите практики; адаптација на локалните мрежи (LAN) по експозитурите; замена на постојната опрема за рутирање и свичување, инсталација, конфигурација; интеграција на главна и резервна локација заради поддршка на потребата од деловен континуитет на банката; зголемување на нивото на мрежната безбедност; замена на резервните податочни линии базирани на ISDN технологија, со безжични податочни линии преку мобилна мрежа; имплементација на квалитет на сервис (QoS) во мрежата; имплементација на компаниска IP телефонија базирана на Cisco CUCM; инсталација на CISCO IP телефони во Банката со опфат и на сите експозитури; миграција и консолидација на говорните услуги со цел заштеда на трошоците, преку детално воспоставена проектна и техничка документација, со минимално време на прекин на сервисите што за нас беше битен дел од имплементацијата на проектот.
Можете ли да нотирате придобивките од сето тоа?
Главните придобивки на Стопанска банка АД Битола од оваа деловна соработка со Македонски Телеком според оutsource концептот се:
- Консолидирана и доверлива мрежа и говорна комуникација;
- Поедноставување на сите ИТ процеси;
- Зголемена достапност на експозитурите;
- Високо ниво на скалабилност во поглед на проширувања, измени и надградби;
- Зголемен капацитет на податочните линкови;
- Знаење и искуство од врвни експерти е ставено на располагање на банката;
- Минимален ангажман на Службата за ИТ и хелп деск при имплементација и одржување на системите;
- Комплетна поддршка без никакви дополнителни трошоци;
- Намалени трошоци за поддршка за повеќе од 30%;
- Без капитална инвестиција;
- Зголемена контрола на трошоците.
Личните бизнис приказни на скапоцените пријатели и деловни партнери се потврда за успешноста на нашиот високопрофесионален оutsource концепт на соработка. Ве очекуваме, за да ја продолжиме приказната понатаму!