На почеток од ноември 2015 година, Македонски Телеком се стекна со највисокото ниво на Cisco партнерство и стана Cisco GOLD сертифициран партнер.
На почеток од ноември 2015 година, Македонски Телеком се стекна со највисокото ниво на Cisco партнерство и стана Cisco GOLD сертифициран партнер. Со ова уште еднаш беше докажан значајниот прогрес на компанијата во изминатите 10 години и се потврди нејзиниот висок квалитет во обезбедување управувани услуги за податочно поврзување, кои оттогаш се константна основа во работењето на најголемиот дел од бизнис сегментот во Македонија.
Согласно стратегијата за развој од претежно комуникациски ориентирана компанија во број еден интегратор на информатичко-комуникациски (ИКТ) решенија, денес располагаме со напредни компетенции за Безбедност, Податочни центри, Колаборација и Сложени мрежни решенија за големи компании. Како надополнување во делот на Cloud сервиси кои го претставуваат јадрото за обезбедување ИКТ услуги, минатата година Македонски Телеком се стекна и со статус на Cisco Master Provider за Cisco Cloud сервиси. Преку стекнувањето со овие партнерства, добивме потврда за исполнувањето на строгите критериуми за сертификација, со цел да се обезбедат Cisco Powered услуги со загарантиран квалитет, вклучувајќи ги најдобрите практики за обезбедувањ е сервис и поддршка по ITIL методологија.
Убедени сме дека нашето Cisco GOLD партнерство ќе биде препознаено и од нашите бизнис корисници, бидејќи:
- Обезбедуваме нови продукти и услуги кои ги следат светските трендови и овозможуваат подобрување на оперативната флексибилност и продуктивност на бизнис секторот;
- Развивме тим од над 20 сертифицирани професионалци во спроведување решенија приспособени на потребите на секој бизнис;
- Нудиме конкурентни цени за опрема, но и можност за реализација на бизнис барања преку управувани сервиси без иницијална инвестиција во опрема и човечки ресурси.
Во 2015 година, Македонски Телеком и Cisco започнаа една успешна партнерска приказна која резултираше со зголемен раст на вредноста на заеднички реализирани проекти за 32%. Овие резултати не останаа незабележани во рамките на Дојче Телеком Групацијата каде што Македонски Телеком, како дел од Cisco DT ROSE програмата, го доби признанието за најголем раст и достигнување на Cisco GOLD статус за само девет месеци.
{{Title}}
{{{Content}}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery}}
{{#not IsThumbNail}}
{{/not}}
{{/if}}
{{/each}}