Започнете ја вашата
професионална кариера со најдобрата Smart Start програма!

Паметно започнете го вашиот професионален развој преку стекнување интернационално искуство, учење од врвни експерти и практична работа со најнови технологии за креирање дигитална иднина, каква што сите посакуваме.

Имате прашања за вашата кариера?

Започнува Smart Start, најдобрата програма за стекнување практично искуство и професионален развој во Македонски Телеком. Дознајте сѐ што треба да знаете тука!

Smart Start е најдобрата програма за стекнување практично искуство и професионален развој во Македонски Телеком.

Програмата има за цел да овозможи извонредни можности за развој и практична работа на студенти-учесници, како и да го поддржи почетокот на нивната кариера.

Smart Start е програма која е отворена за сите студенти од втора студиска година до крајот на дипломски студии, како и за студентите на постдипломски студии. Аплицирајте доколку сакате да работите со полно работно време од октомври, 2023 година.

Smart Start е 6-12-месечна програма којашто се состои од следниве елементи:

  • На почетокот на ангажманот, студентите ќе бидат запознаени со корпоративната стратегија и вредности, преку програмата за ориентација;
  • Студентите учесници ќе работат на професионални задачи во склоп на избраниот проект во текот на програмата;
  • Покрај стекнување практични професионални вештини, тие ќе научат што значи агилно работење, дизајнерско размислување и ќе ги подобрат нивните компетенции.

Покрај обуките и работата на проекти вклучени во програмата, секој учесник ќе има свој ментор, кој ќе ја следи и ќе им помага при нивната работа. Покрај тоа, секој студент ќе има свој план за развој преку кој нашите професионалци ќе ги следат нивните цели и аспирации.

Бараме 30 студенти од областа на телекомуникации, електротехника, ИТ, економија, маркетинг, е-бизнис, аналитика на податоци, управување со производи.

Може да се аплицира за некој од проектите кои се од ваш интерес. Листата на проекти на кои може да се работи е тука.

Зошто да аплицирате најдобро ќе ви кажат нашите Смарт стартери од предходната генерација Погледнете зошто тука.

Доколку се одлучите да аплицирате, ќе добивате финансиски надоместок и останати бенефиции за вашата работа.

Преку уникатните можности и програми, ќе учествувате во возбудливи кампањи, ќе бидете дел од процесот на дигитализација, ќе ги користите нашите врвни платформи за учење и развој и ќе присуствувате на ексклузивни настани.

Започнете паметно, започнете тука!

Разгледајте ги внимателно сите проекти кои ви ги нудиме. Направете го паметниот избор. Подгответе го своето CV и аплицирајте за проектот во кој можете да дадете најмногу од себе!

Како се врши селекција

Процесот на селекција е прикажан во продолжение.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Погледнете ги сите проекти на кои можете да се пријавите. Подгответе ја својата Лична биографија и аплицирајте за посакуваниот проект во делот за пријава.

ПРЕТСЕЛЕКЦИЈА

Нашиот тим на професионалци ќе направи претселекција на сите пријавени студенти врз основа на испратените документи.

ИНТЕРВЈУ

Доколку сте го поминале процесот на претселекција, ќе бидете повикани на интервју.

АНГАЖМАН

Тука завшува процесот на селекција. Ќе склучиме договор со најдобрите студенти и ќе започнеме со програмата за развој на вашата кариера.

Искуства на нашитеСмарт стартери од првата генерација

Повеќе
Искуства

Погледнете гo и видеото со нивните впечатоци од 2021 година, кога ја нашите успешни смарт стартовци ја започнаа својата кариера токму во Македонски Телеком.

И, се разбира, не заборавајте да се приклучите на Фејсбук групата Telekom Smart-Start, каде што ќе можете да поставувате прашања и да бидете во тек со сите новости!

Десктоп верзија