Светот на MAXTV достапен насекаде
Отсега и преку android TV box

Како функционира MAXTV преку Android tv box?

MaxTV услугата отсега ќе биде достапна и преку MaxTV апликација инсталирана единствено на Android TV box уред кој корисникот го набавува од Македонски Телеком. Android TV box уредот се поврзува со ТВ приемник со HDMI кабел, а на интернет преку Wi-Fi или мрежен кабел. ТВ приемникот не мора да биде Smart. Треба само да има HDMI приклучок.

MaxTV апликакцијата се инсталира автоматски на уредот, веднаш штом тој ќе се поврзе на интернет. Со отворање на апликацијата вие ќе можете непречено да ги следите содржините на MaxTV. Апликацијата го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV box уредот.

Какви содржини ви нуди MAXTV Android TV?

Со MaxTV преку Android TV добивате вкупно 84 канали од најразлични категории (национални, спортски, филмски, документарни, музички, регионални, лајфстајл).

  • Вклучени се и Sport Klub 1, 2, 3, 4, 5, 6 и Arena 1, 2, 3, 4, 5
  • 22 HD канали (сите национални и спортски канали што имаат HD верзии)
  • Можност за активирање на пакетите HBO, Tring и Arena Premium
  • Постер дизајн на менијата
  • Програмски водич
  • ТВ-тека и преглед по категории со преглед на содржините од последните 3 дена на 10 канали
  • Пауза, премотување напред и назад на 10 канали
  • Видеотека со бесплатни содржини
  • Можност за избор на јазик на апликацијата: македонски, албански или англиски
Листа на канали

Програмски
водич

Паузирање /
премотување /
почни отпочеток

ТВ-тека со содржини
од претходните
3 дена

Преглед по
категорија

Бесплатна
видеотека

Кои се поволностите за корисниците со MAXTV Android tv апликацијата?


  • Уживање во MaxTV и на локации на кои тоа не беше возможно досега.
  • Одлична алтернатива за корисниците на Magenta 1 Business и Business Office кои немаат активирано телевизија
  • Следење на MaxTV содржините на нов, модерен интерфејс
  • Со Android TV box уредот секој ТВ приемник станува Smart TV
  • Еден интерфејс за сите медиуми (линеарна ТВ, содржини On Demand, media streaming, streaming на локална мрежа, cast,
    DVB-T).

MAXTV преку android tv со 24-месечен договор

Magenta 1 Business без ТВ,
Business Office без ТВ, Business Internet

399
денари месечно

Врвните содржини и HD квалитетот што ви ги овозможува најдобрата дигитална телевизија се сега насекаде со вас, достапни каде и да одите низ нашава земја! Доколку сте корисник на услугата и веќе имате Android TV box уред, сега можете да го понесете со вас.

Интернет по потреба

Активирајте MaxTV за Android TV по потреба за само 399 ден., со автоматско деактивирање на услугата по истекот на 30 дена, откако ќе активирате некој од пакетите Интернет по потреба.

Понуда

ЗА MAGENTA 1 BUSINESS СО ТВ И BUSINESS OFFICE СО ТВ

MaxTV за Android TV услугата е достапна за Magenta 1 Business и Business Office без дополнителен надомест. За ТВ корисниците на Magenta 1 Business, Android TV box уредот е достапен со флексибилен буџет или по регуларна цена со плаќање одеднаш, на 12 или на 24 рати. За корисниците во Business Office, уредот е достапен само по регуларна цена со можност за плаќање одеднаш, на 12 или 24 месечни рати. Инсталирањето е многу едноставно - сè што треба да направи е уредот да биде поврзан со локалната интернет мрежа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УРЕДОТ

  • Модел: KAON KSTB6077
  • Кориснички интерфејс: Google интерфејс со MaxTV и HBO GO апликациите на првите две места во редот со омилени апликации
  • Отворен Android систем: логирајте се со корисничко име и лозинка од својата Google сметка и инсталирајте и други Android апликации од Google Store
  • Bluetooth далечински управувач што не мора да е насочен кон уредот
  • Верзија на Android оперативен систем: OS Android TV 8.0 – Oreo
  • Google асистент: гласовна контрола преку далечинскиот управувач
  • Вградена Chromecast функција
  • Вграден DVB-T2 нагодувач
  • Поврзување на интернет преку WiFi 802.11ac 2x2 dual band, или мрежен кабел
  • UHD 4K 60fps видео процесирање

Цени на уредот:

на прва телефонска сметка или во готово

5.199
ден.

на телефонска сметка

449
ден. 12x рати

на телефонска сметка

229
ден. 24x рати

Цените се со вклучен ДДВ

Дали можам да ја користам MaxTV за Android TV услугата без интернет?

MaxTV за Android TV услугата се обезбедува преку апликација инсталирана на Android TV box уред набавен од Македонски Телеком. Таа го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV box уредот. Доколку ви е искористен интернетот во пакетот, нема да можете да ја користите апликацијата.

Колку интернет троши MaxTV за Android TV апликацијата?

Доколку гледате ТВ во просек 5 часа дневно во месецот, ако гледате SD канал ќе потрошите околу 110 GB, додека за HD канал околу 230 GB месечно.

Дали можам да го користам Android TV box уредот на било која интернет врска во и надвор од државата?

Да, уредот може да се користи на која било локација со интернет пристап, но MaxTV за Android TV услугата со сите содржини може да се користи само на фиксната мрежа на Македонски Телеком и заменските технологии (4G или хибриден рутер).

Дали можам да гледам MaxTV за Android TV на мрежа што не е фиксната мрежа на Македонски Телеком?

На мрежа во Македонија што не е фиксната мрежа на Телеком, преку MaxTV апликацијата може да се гледаат само 17 македонски национални канали.

Дали можам да гледам MaxTV за Android TV надвор од државата?

MaxTV за Android TV услугата не е достапна надвор од Македонија.

Дали можам да ја инсталирам MaxTV за Android TV апликацијата на Android TV box уред што не сум го купил од Телеком?

Не. Апликацијата е достапна само на Android TV box уредот обезбеден од Македонски Телеком.

Дали можам да ја инсталирам апликацијата на мобилен телефон?

Не. Апликацијата е компатибилна само за Android TV платформата. За мобилен телефон е достапна слична апликација, MaxTV GO.

Што ако случајно ја избришам апликацијата?

Апликацијата може повторно да се инсталира ако се побара на Google Play Store преку Android TV box уредот обезбеден од Македонски Телеком. За пристап до Play Store е потребна Google корисничка сметка.

Дали ќе има нови верзии на MaxTV апликацијата?

Нови верзии на апликацијата ќе бидат достапни на Google Play Store. Доколку сакате секогаш да имате најнова верзија од апликацијата, најавете се на вашиот Android TV box уред со вашата Google корисничка сметка и апликацијата автоматски ќе се ажурира секогаш кога ќе има нова верзија.

Дали можам да се претплатам на дополнителен ТВ пакет?

Возможна е активација на дополнителните пакети Tring, Arena Premium, HBO.

Колкав интернет опсег (брзина) ми е потребен за гледање на содржините од MaxTV апликацијата?

За добро корисничко искуство, потребно е да имате барем 3,5Mbps интернет опсег на располагање.

Дали можам да враќам назад на содржина што поминала?

Да. Тоа е овозможено на 10 канали. На тие канали може да се гледаат содржини 3 дена наназад. Каналите на кои е тоа овозможено се: МТВ1, Сител, Канал 5, Телма, RTV 21, Алсат М, Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3 и Arena Sport 4.

Дали можам да инсталирам други апликации на Android TV box уредот?

Доколку имате Google корисничка сметка и се логирате на неа преку уредот, можете да инсталирате други апликации од Google Play Store.

Дали можам да ги снимам содржините од MaxTV за Android TV апликацијата?

Преку апликацијата не е овозможено снимање.__

Десктоп верзија