Искористете ги можностите кои Ви се нудат како наш бизнис корисник. Регистрирајте се за да ја добивате месечната сметка во електронска форма на Вашата е-адреса, наместо досегашната хартиена форма.
Месечните електронски сметки се потпишани со електронски потпис поврзан со дигиталниот сертификат од овластениот застапник на правното лице, а како потврда на автентичноста на потеклото и содржината на самата сметка се земаат дигиталниот компаниски и временски печат, издадени во согласност со член 53-б од Законот за данок на додадена вредност.
Со електронската сметка добивате пристап до сите информации за Вашата сметка на интернет, во секое време, каде и да сте!
За да почнете да ја добивате електронската сметка за Вашата компанија, сè што треба да направите е да ја пополните Согласноста за прием на фактура и за достава на писмена во електронска форма и од наредниот месец ќе ја добивате електронска сметка за Вашата компанија во заштитен PDF формат.
Доколку пак, сакате сите детали за Вашата сметка и Вашите услуги да Ви бидат достапни преку сите наши дигитални канали, пополнете ја Согласноста за пристап до дигитални канали.
Вашата согласност согласно важечките законски прописи треба да биде пополнета и своерачно потпишана во хартиена форма од овластениот застапник и доставена на следната адреса: Македонски Телеком АД Скопје, Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје