SafeNet banner
SAFENET

SafeNet Office

ЗА БЕЗБЕДЕН БИЗНИС ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ СО SAFENET OFFICE
Само cо Magenta 1 Business и Business Office

Најдобрата мрежа сега е и најсигурна за водење на Вашиот бизнис!

При извршувањето на деловните активности онлајн, секојдневно сме изложени на злонамерен софтвер, вируси и шпионски софтвер како и многу други закани кои можат да му нанесат трајна штета на вашиот бизнис.

Со новата бизнис услуга, SafeNet OFFICE, сите Ваши деловни активности преку фиксната интернет мрежа на Македонски Телеком се безбедни.

Услугата SafeNet Office

icon1

Ви нуди заштита од вируси, злонамерен или уценувачки софтвер.

icon2

Не бара инсталации и ажурирања на смартфонот или таблетот

icon3

Функционира без разлика на типот на мобилен уред или оперативен систем.

Висока сигурност за сите вашиДеловни активности на Интернет

Со SafeNet OFFICE, Вие и Вашите вработени сте заштитени од веб-страници со небезбедна содржина и од активности кои можат да предизвикаат штета на Вашето работење.

Услугата е интергирана во нашата фиксна интернет мрежа. За нејзиното користење не е потребен никаков дополнителен уред, софтвер или инсталација.

Цени

Без инсталации и дополнителни уреди

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ
SafeNet Office

Magenta 1 Business

99 117
денари месечно

Mесеченa претплата

SafeNet Office

Business Office

199 235
денари месечно

Mесеченa претплата

video icon За SafeNet Office

Прашања и одговори

Решението SafeNet OFFICE е вметнато во фиксната мрежа на Телеком на којашто не влијае видот на уредот што го имате, ниту пак, оперативниот систем. Независно дали користите Mac, PC, лаптоп или кој било друг вид уред, независно и од оперативниот систем, можете да наидете на небезбедна веб страница. Со SafeNet OFFICE секогаш сте заштитени.

Да. Доколку сте поврзани на интернет преку WIFI од вашиот фиксен интернет со активна SafeNet OFFICE, целиот ваш податочен сообраќај преку фиксната мрежа на Телеком е заштитен. Значи, ако сурфате од вашиот смартфон, лаптоп или таблет, користејќи фиксен интернет преку Wi-Fi, услугата Телеком SafeNet OFFICE сѐ уште ве заштитува.

Небезбедните веб страници содржат ризици од кои SafeNet OFFICE ве штити. Заканите можат да се поделат во следниве категории:

  • Malware (злонамерен софтвер) може да го зарази уредот од кој сурфате со тоа што ќе биде преземен преку интернет прелистувачот кога корисникот ќе посети заразена веб страница. Злонамерниот софтвер може да биде дизајниран со цел да го снима притискањето на секое копче од тастатурата на уредот.
  • Spyware (шпионски софтвер) ги следи онлајн активностите на заразениот уред.
  • Worm (црв) го заразува уредот при што интернет конекцијата станува бавна поради тоа што црвот ја користи за да пронајде други ранливи уреди во кои би се вовлекол.
  • Botnet attacks (ботнет напади). Хакерите често контролираат мрежи од заразени компјутерски уреди наречени „зомби” или „ботнет” мрежи, кои се користат за напад на други компјутерски уреди.

Фиксната интернет мрежа на Телеком и понатаму е сигурна, но станува збор за она што го правите на интернет. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот или веб страницата се безбедни, услугата SafeNet OFFICE е тука да ви даде дополнителна заштита.

Точно, многу интернет прелистувачи, како на пример Google Chrome, веќе блокираат многу небезбедни веб страници. Но, услугата SafeNet OFFICE врши многу пообемна контрола и на тој начин може да открие и да блокира многу поголем број вируси и други онлајн закани.

Услугата SafeNet OFFICE ги проверува странициите на кои сурфате само од аспект на сигурност и потенцијално постоење на штетен софтвер. Доколку системот препознае опасност, ќе добиете известување преку пребарувачот, но ние не ги чуваме овие информации никаде, ниту пак, ги користиме за што било друго.

Дури и кога свесно се трудите да сурфате само на сигурниот дел од интернет, секогаш е можно случајно да кликнете на некој линк со штетен софтвер. Постојат сѐ повеќе и повеќе лажни страници кои се толку професионално направени што е тешко да се разграничат од оригиналните. Со услугата SafeNet OFFICE добивате постојана заштита и ќе добиете навремено предупредување веднаш штом детектираме опасност.

Со услугата SafeNet OFFICE, преку користење софистицирани механизми за проверка и филтрирање утврдуваме дали некоја веб страница е безбедна или не. Доколку утврдиме дека веб страницата е ризична, ја блокираме.

Десктоп верзија