Валентина Агапиева
Специјалист за дигитално искуство
Доколку сакате да работите во кретивна околина, каде имате можност за стекнување на искуство во голема корпорација но во соработка со агилни и професионални тимови; каде може на иновативне начин да го надградите и да го споделите вашето знаење, да ја примените вашата креативност и други лични вештини; каде имате прилика да учествувате на интернационални проекти водени од експерти и секако каде ќе запознаете колеги кои ќе станат и останат ваши пријатели, тогаш повелете во Македонски Телеком.....
Како се развиваше дигитализација и телекомуникациската индустирја и како се прошируваа дигиталните кориснички можности, така се трансформираше и компанијата и така следеа ангажмани на уште многу кретивни и иновативни проекти, соработка во крос-функционални тимови од различни дејности, запознавање на колеги со различни вештини и знаења, како на локално така и со соработници и колеги од Дојче Телеком на интернационално ниво.
Она што што јас го добив и ми го овозможи компанијата во тој развоен пат е пред се слободата и автономијата на кретивно и критичко изразување кое мене многу ми значи; довербата во мојата стручност, високиот степен и различен сет на знаења како и личните и професионални вештини; пристап до иновативни платформи и програми за континурана надградба на знаење и искуство; непречен пристап до ресурси и алатки за работни активности; ангажман на интернационални програми и проекти како и можност за учество на програми за размена на интернационално искуство со локално присуство во другите ДТ подружници во Европа.
Но некако најголем поттик за истакнување на моите вештини се оние интересни програми кои се организраат со реални проекти во реални тимови но со натпреврувачки карактер.
На локално ниво би ја издвоила крос-функционланата програма, кога бевме 3 тима и имавеме 3 задачи кои беа распоредени следствено во подолг временски период. Покрај тоа што беше забавно и кретивно, создадовме серионзо применливи и ислпатливи решенија, и секако добивме награда, но сепак она што секогаш ми остана е што тогаш запознав навистина креативни и иновативни колеги, посветени професионалци од кои и тоа како многу научив.
Следно би ја издвоила МООC онлајн програмата на ДТ интернационално ниво. Со учество во виртуелен тим од различни држави, работевме на проект на кој јас бев лидер и тимот го донесов до победа, со темата “со Gamification до зголемена упторебливост на Telekom МК App“, од областа “Дигитализација“. Тимот, како и многу други колеги од различни држави, прекрасни луѓе, прв пат ги запознав на наградното патување во Бон со учество на саем за презентација на победничките иновативни решенија по секој од 11-те различни области.