ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје управува со Друштвото во рамките на овластувањата определени со Законот и Статутот, како и овластувањата што изречно му се дадени од Собранието. Правата и обврските на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на Друштвото.

  • Членовите на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото на Македонски Телеком АД - Скопје.
  • Претседателот на Одборот на директори го избира Одборот на директори на Македонски Телеком АД - Скопје од редот на своите неизвршни членови.
  • Структурата, изборот, овластувањето и работењето на Одборот на директори се утврдени со Статутот на Македонски Телеком АД - Скопје и Деловникот за работа на Одборот на директори.
  • Тела формирани од страна на Одборот на директори се: Одбор за ревизија и Колегиум за наградување.
    • Членовите на Одборот за ревизија и Колегиумот за наградување ги избира и ги разрешува Одборот на директори на Македонски Телеком.
    • Работењето на овие тела се дефинира со Деловници за работа што ги регулираат нивните надлежности, состав и активности. Овие деловници за работа ги донесува Одборот на директори.
  • Правата и обврските за донесување на одлуки од страна на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва се регулирани со Статутот на Македонски Телеком.

Во рамките на овластувањата определени со Законот за трговски друштва и Статутот на Македонски Телеком, Одборот на директори управува со Друштвото и се состои од 14 (четиринаесет) членови, од кои 13 (тринаесет) се неизвршни членови, 1 (еден) е извршен член кој го носи називот Главен извршен директор и 4 (четири) од неизвршните членови се независни членови на Одборот на директори.

Одбор на директори на Македонски Телеком АД - Скопје

Ви требаат ли повеќе информации?

Берзански информации

ISO СЕРТИФИКАТИ

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ

Десктоп верзија