Марјан Богатиновски
Главен комерцијален директор за деловни корисници
Марјан Богатиновски е Главен комерцијален директор за деловни корисници од 1 мај 2023 година. Тој е искусен професионалец во областа на управување со производи и деловен развој со тридецениско искуство во телекомуникациите, системската интеграција и деловниот софтвер.
Кариерата ја започнал како асистент по телекомуникации на Електротехничкиот факултет на УКИМ, а продолжил да ја гради во неколку реномирани глобални компании, како холандските KPN Research и TNO Telecom и полската Asseco SEE, на различни одговорни позиции поврзани со иновации, бизнис консултантство и менаџирање сектори за нови производи. Исто така, има работено во Македонски Телеком, во сегментот на деловни корисници, одговорен за развивање VoIP за големи корисници, софтверски решенија за продажба, производи од системска интеграција и водење тим за продажба на клучни корисници.
На позицијата доаѓа од местото Извршен директор за управување со производи и деловен развој на Datamajoris, регионална компанија со сопствен развој на целосни IoT решенија за деловни корисници.
Богатиновски е дипломиран електроинженер на УКИМ каде што, исто така, се стекнал со магистерска диплома на насоката Телекомуникации.
Прочитај повеќе