Михаела започна како практикант во Бизнис Маркетинг делот, за да стане наша колешка која работи на ИПТВ платформата. За неа е несомнено дека се стекнала со многу знаење и искуство во процесот на пракса и станала свесна колку има простор за надоградба. Михаела ви порачува - "Не ги пропуштајте и присуствувајте на сите Телекомски прослави, забавата е загарантирана!"
„Несомнено се стекнав со многу знаење и искуство или подобро да кажам сфатив колку многу работи не знам. Кога викам искуство, мислам и на тоа како е да бидеш дел од ваква голема корпорација како што е Македонски Телеком со толку многу вработени и сектори, што е од непроценливо значење. Незанемарливи вештини кои значително ми се подобрија се и комуникациските, токму поради тоа што во процесите се вклучени голем број вработени со кои треба да искомуницирам, при праќање на мејлови,- и затоа научив како правилно да се изразувам и слично; понатаму, - научив да бидам детална, да ги проверувам сите аспекти и да не оставам ништо на случајност, да ги завршувам обврските навремено и секогаш да бидам директна и отворена доколку имам некој проблем со цел заедно да го надминеме.“
Михаела