СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА

Нашата корпоративна стратегија е во согласност со стратегијата на Дојче Телеком – да станеме водечка телекомуникациска компанија во Европа. Нашата цел е да бидеме доверлив партнер за дигитализација, дома, на работа, секаде и во секое време. Преку технологијата да ги поврземе сите и да ги вклучиме подеднакво во новото дигитално општество.

Најдобро корисничко искуство

Корисничкото искуство е нашата најважна задача. Се стремиме да обезбедиме најдобро корисничко искуство преку врвна технологија, но на наједноставен начин. За да го постигнеме тоа нудиме едноставна и персонализирана услуга – интернет, телефонија и телевизија од еден извор, на една сметка. Ќе продолжиме да го подобруваме квалитетот на услугата за да ја зацврснеме довербата на корисниците.

Korisnichko iskustvo
Vrvna tehnologija

Врвна технологија и гигабитни брзини

Остануваме посветени на градењето и одржувањето на мрежата, којашто е крвотокот на дигиталното општество. Лидерството во технологијата го потврдуваме преку континуирани инвестиции во најновите технологии за да обезбедиме гигабитни брзини и најдобро корисничко искуство.

Ја поставивме првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и го покривме поголемиот дел од урбаните области со технологија од најновата генерација. Паралелно ја развиваме и ја шириме и оптичката мрежа, додека бројот на пристапи до оптика постојано расте. Со најдобрата инфраструктура на корисниците можеме да им понудиме најдобра поврзаност и најбрз интернет секогаш, секаде и на кој било уред.

Бизнис партнер за дигитализација

Пристапот до дигитални алатки и решенија во последните години го промени начинот на кој компаниите работат и се развиваат. Со широкото портфолио на дигитални услуги и ИКТ решенија Македонски Телеком го покрива секој сегмент од работата на бизнисите, а истовремено нуди целосна сигурност на податоците, што е еден од најважните услови за дигитализација. Но не запираме тука. Нашата цел е да овозможиме дигитализација на целото општество. Врвната технологија на која се темелат паметните градови не прави лидери во регионот. Оваа технологија ќе овозможи да се подобри инфраструктурата на градовите, да се унапреди урбаното живеење и да се заштити животната средина.

Biznis partner za digitalizacija
Deluvame odgovorno

Делуваме одговорно

Сите бизнис одлуки ги носиме одговорно и од социјален и од еколошки аспект. Намалувањето на дигиталниот јаз и заштитата на животната средина се основа врз која ја градиме нашата успешна приказна. Се стремиме да изградиме кориснички ориентирана, оптимизирана и агилна организација која ќе се трансформира и менува со духот на новото време и ќе донесе позитивни промени во општеството и животот на луѓето.

Ви требаат ли повеќе информации?

Берзански информации

ISO СЕРТИФИКАТИ

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ

Десктоп верзија