Со Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје се уредуваат:
- Фирмата и седиштето на Друштвото,
- Предметот на работење на Друштвото,
- Прашања во врска со износот на основната главнина на Друштвото,
- Органите за управување и раководење на Друштвото,
- Општите акти и постапката за нивно донесување,
- Номиналната вредност на акциите, бројот на акции од секој род и класа, правата, обврските, ограничувањата и погодностите,
- Постапката за свикување и одржување на Собранието на Друштвото,
- Други прашања од значење за Друштвото.
Покрај овие одредби, Статутот содржи и одредби за прашањата коишто, во согласност со Законот за трговски друштва, се уредуваат со Статутот.
Статутот содржи и други одредби значајни за Друштвото кои не се забранети со закон.