УЧЕСТВО И ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ПОЛНОМОШНИК

Секој акционер може да овласти со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието, со полномошно во писмена форма.

Акционерот е должен да го информира Македонски Телеком АД - Скопје (Друштвото) по писмен пат за назначувањето на свој полномошник кој ќе учествува на седницата на Собранието, со поднесување на писмено известување до Областа за Корпоративен секретаријат на Друштвото преку Секторот за централна архива. Акционерот може да го поднесе известувањето за овластувањата дадени на полномошниците до Друштвото по електронски пат, на следнава е-mail адреса: mailto:IR@telekom.mk

Онаму каде што полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање, полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното. Полномошникот мора да води запис за добиените инструкции за гласање, ако имало такви, и да ги чува најмалку една година од денот на одржување на седницата на Собранието на која тој учествувал и гласал, како и да потврди дека ги извршил тие инструкции ако тоа му го побара Друштвото или акционерот од кого добил овластување.

Акционерите можат да добијат образец во печатена форма на Полномошното за учество и гласање преку полномошник во Дирекцијата на Македонски Телеком АД – Скопје, на „Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, секој работен ден од 14:00 до 15:00 часот или на следниот линк.

За полномошници на Собранието можат да бидат назначени и лица кај кои постои конфликт на интерес согласно Законот за трговски друштва, под услов ако полномошниците:

  • Претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и
  • Добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секоја предложена точка за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието.

Друштвото на својата интернет страница ќе го објави идентитетот на назначените полмоношници кај кои постои конфликт на интерес.

Ви требаат ли повеќе информации?

Десктоп верзија